Здраво тело

Дали патите од овој „вирус“?

Ако често ви се „замаглува“ пред очи, имате главоболки и се чувствувате исцрпено, тоа се некои од симптомите на т.н. „ јаглехидратен вирус“ (carb virus) што се јавуваат ако константно одбегнувате внесување на најмали количини јаглехидрати во исхраната.

Нутриционистите велат дека овој „вирус“ се јавува најчесто кај луѓе кои ја следат Палео диетата што подразбира целосно исфрлање на простите јаглехидрати, како компирот, од исхраната.

Со терминот „јаглехидратен вирус“ се опишуваат симптомите на недостиг на јаглехидрати во организмот што се манифестираат слично на вирус на настинка: исрпеност, летаргичност, општа лоша состојба на организмот.

„Ако ги исклучиме јаглехидратите од исхраната, телото мора да се адаптира и да бара други начини за да произведе енергија“, објаснува доктор Ештон Харпер.

„Тој процес може да трае со недели и во тој период да имате симптоми слични на симптомите на грип бидејќи телото нема доволно енергија од мастите и протеините, колку што добива од јаглехидратите.“

Поборниците за Палео диетата тврдат дека овие симптоми се повлекуваат откако телото ќе се навикне на промената во исхраната.

Меѓутоа, експертите истакнуваат дека иако овој „вирус“ не е медицинска состојба, сепак е аларм што го испраќа телото дека не добива енергија колку што му е потребна.

„Главен извор на енергија за мозокот е глукозата. Ако одеднаш престанете да ја внесувате, како што е случај кога не внесувате јаглехидрати, се чувствувате уморно и без енергија. Нивото на серотонин е погоден од рестрикцијата на јаглехидрати, поради што сте лошо расположени“, објаснува нутриционистот Харли Стрит.

Write A Comment