Актерката Памела Андерсон, во текот на последните 4 месеци, го посетила основачот на “Wikileaks” Џулијан Асанж дури 5 пати, што било доволно повторно да се отворат гласини за нивна љубовна романса.
Познатата актерка последен пат била во споменатата резиденција на 21. ви јануари, а како што пренесува Daily Mail, неколку пати пред тоа, на Асанж му ја носела омилената храна од околните ресторани, што предизвикало гласини за љубовна романса.
Како и да е, факт е дека планетарниот секс симбол и контроверзниот Асанж ги поврзува активизмот со кој се занимаваат, но и љубовта кон Русија.
Имено, повеќето материјали со кои Асанж излегол во јавноста дошле токму од руски хакери, додека Памела е чест гостин во Русија, па така во 2015-тата година по саемот во Владивосток, на кој била главна гостинка, таа разговарала со шефот на кабинетот на Путин, Сергеј Иванов, за зачувување на дивите животни во Русија.
Исто така, се зборува дека и претседателот на Русија е голем фан на некогашната ѕвезда од серијата “Чувари на плажата”.
Интересно е дека првата средба на Андерсон и Асанж била обид да се убеди Швеѓанецот да ѝ помогне на нејзината организација, која се занимава со заштита од сексуално злоставување на жени.
Инаку, Асанж живее во еквадорската амбасада во Лондон од 2012-тата година, кога предал барање за азил за да избегне екстрадиција поради обвинение за сексуално злоставување.
