After Midnight

Дали сексот е најдобриот начин за покажување љубов?

Мажите од секогаш се жалеле на недостатокот од секс во својата врска и често виновникот за таа работа била токму нивната партнерка, но дали и денес е така? Во потрага по вистинскиот одговор, дојдовме до несекојдневни сознанија…

Една колумнистка го изнела својот одговор за овој феномен и како што вели големата желба за секс било нејзин начин на покажување приврзаност и љубов кон партнерот. Меѓу нив двајца постоела огромна хемија, но нејзиниот партнер не сакал врската да им се базира исклучиво на секс. Навистина збунувачки.

Од кога сексот е погрешен начин за искажување на љубов? И кога водењето на љубов престана да значи: „Те сакам?” Мажите велат дека жените не сакаат секс, а кога сакаат тогаш е премногу??

Сексот и љубовта? Каде е тука вистината?

Сексот е потсетник на љубовта која ја чувствувате еден спрема друг и во тоа нема ништо погрешно. Сексот не е ништо помалку интимен од држењето за рака.

Сексот не мора да биде единствениот начин на покажување љубов. Па така во случајот погоре и двајцата се во право. Откако меѓу нив се појавила љубовта, тие користеле други начини да ги покажат своите чувства.

Факт е дека не постои точен или погрешен начин за покажување емоции. Единствено, потребно е разбирање и почитување со цел да се воспостави подобра рамнотежа.

Што мислите вие?

Напиши коментар