← НАЗАД НА БОЗА

Дали вагината станува потесна ако немате секс?

Дали вагината станува потесна ако немате секс?
154 Читања

Кога станува збор за секс и интима, постојат многу митови кои сме ги слушнале само еднаш, но трајно ни останале во мислите и не тераат да се прашуваме дали се навистина точни.

Еден од таквите е и дека вагината со тек на време се стеснува ако подолго време немате секс.

Стручњаците сепак го негираат ова тврдење.

„Многумина мислат дека жените кои се помалку сексуално активни имаат помала, односно потесна вагина, додека оние кои имаат редовен секс имаат поопуштени вагини. Ова воопшто не е точно,“ тврди гинекологот Џенифер Видер.

Мускулите околу вагината се еластични, а по сексуалниот однос се враќаат во нормалната состојба, па затоа нема забележлива промена. Истото се случува и по породувањето.

Вагината всушност претрпува само 2 промени.

Првата е по породувањето, но трае само 6 месеци, по што се враќа во „нормалната“ состојба. Понекогаш потребно е и повеќе време, но сепак се враќа.

Втората промена се случува во подоцнежните години. Тогаш ѕидовите на вагината, односно мускулите се опуштаат како и на секој друг дел од телото. Добрата вест е што со кегелови вежби значително може да се забави овој процес.

Според зборовите на гинеколозите, ако случајно почувствувате дека некоја жена има „потесна“ вагина, веројатно не е затоа што долго немала секс, туку затоа што не е доволно возбудена. Овој проблем се решава со подолга предигра или лубрикант.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk