Сигорно безброј пати се слушнале како некој ви кажува дека неможе некој да го привлече доколку не го запознае малку подобро. Доколку личноста што ви го кажува ова и го мисли, современата психологија би го нарекла демисексуален.
Изразот демисексуалност е доста млад а на интернет за прв пат се проширува во 2006 година.Сепак демисексуалноста постои одамна и поголемиот број би се сложиле дека и скоро секоја втора жена е демисексуална.
Наједноставно кажано демисексуалната личност никој не ја привлекува сексуално се додека не се поврзе на емотивно ниво, во кој спаѓаат доверба и пријателство, односно љубов.

Овие личности, во глобала кога ќе се запознаат со некого чувствуваат одредена доза на физичка привлечност. Но како и да е кај нив се се врти околу романтични чувства, пријателство и љубов.Сексуалната привлечност и желба доаѓаат после се тоа и не представуваат движечка сила во нивниот однос.
Особено важно е што демисексуалноста нема старосна или полова ограниченост, па така демисексуална личност може да бидат и хомосексуални и хетеросексуални личности. Сексот кај демисексуалците е хронолошки секундарен и е последица на емотивно поврзување, со што уште една заблуда е решена, дека демисексуалците не сакаат секс.
