Потребни состојки:
– 500 гр кори
– малку масло
– 150 гр мелени ореви
– 1 кг исчистени вишни
– 300 гр шеќер
– 3 кесички ванила
– 3 лажици презла
– 3 жолчки
– 1 дл павлака
– шеќер во прав за одозгора
Подготовка:
Наредете три кори една врз друга, при тоа секоја попрскувајќи ја со масло. На последната кора ставете мелени ореви, вишни- кои претходно ги измешавте со шеќер и ванилин шеќер, презла и свиткајте ги корите во ролат. Повторете ја оваа постапка се додека не ги потрошите сите кори и целиот фил. Ставете ги ролатите во плех и печете 40 минути на 170 степени. Потоа изматете ги жолчките со павлаката и премачкајте ги ролатите, па повторно вратете ги во рерна да се допечат, се доека не заруменат. Кога штрудлата ќе биде испечена одогора посипете ја со шеќер во прав.
