Мојата кујна

Едноставна чоколадна торта која ќе ве воодушеви

Чоколадната торта е секогаш добредојден рецепт и ретко кој би го одбил. Лесна за подготовка, со фил или без,  рецептот за тортата  кој ви го нудиме можете  да се  засладите секое попладне.

Дали познавате некој кој би одбил чоколадна торта?

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 филџан = 2,5dl

2 филџани брашно

2 филџани шеќер

3/4 филџан какао  во прав

2 лажички сода бикарбона

1 лажичка прашок за печиво

трошка сол

1 филџан млеко

1/2филџан зејтин

1 лажичка екстракт од ванила или 1 кесичка ванилин шеќер

1 филџан врело кафе

2 јајца

ПОДГОТОВКА:

Сите состојки  освен врелото кафе се стават во сад за миксирање и се пушта миксерот да меша. Кога сето тоа добро се измеша, додадете го кафето и повторно промешајте за сè  добро да се соедини.

Сипете ја смесата во калап за торта претходно обложен со хартија за печење или пак на друг начин со намрсување на садот и посипување со брашно, и печете 45 минути на 175 степени Целзиусови.

Печивото е готово и можете да го послужете со овошје и шлаг, или да го премачкате со фил, се разбира чоколаден!

Извонреден, а вкусен предлог е биена павлака ( 0,5l слатка павлака) во која  можете да додадете 2 лажици домашен џем од шумско овошје.

Write A Comment