Болни симптоми може да се појават при првите чекори по спиењето или предолго седење. Се појавуваат во областа на петицата или на нејзината внатрешна површина. Болката во петицата може да биде толку неподнослива што луѓето се жалат на чувство на игли во петата.
Традиционалните методи на лекување ги сметаме за поефикасни од било која купена маст во аптека. Ви предлагаме неколку методи, кои на свој начин се покажаа ефикасни.
Наједноставно лекување на болка во петата е – полека, повеќе пати во текот на денот удирајте со петата по подот, со што ќе ја зголемите циркулацијата и метаболизмот на калциум и ќе го спречите таложењето на солта.
За силна болка помагаат облоги од компири. Треба да ги измиете компирите и да ги изрендате заедно со лушпата. Смесата ставете ја газа и причврстете ја на болното место. Ставете најлонска кеса и облечете чорапи. Облогите менувајте ги секојдневно. Траењето на третманот е 7-8 дена.
Облоги со мед и сол. Измешајте мед и сол во иста пропорција (1:1) и обилно намачкајте го болното место. Одозгора ставете парче газа, залепете фластер и завиткајте го со најлонска кеса. Облечете чорапи и преспиете со нив.
Овие облоги ставајте ги секоја вечер. После третиот третман болките ќе се намалат, а после петтиот ден ќе забележите промени. Третманот трае 10 дена, а потоа болките ке престанат.
Ви предлагаме уште еден рецепт против болки во петиците, кој е исклучително ефикасен.
Лековите тинктура со аспирин
10 таблети аспирин (200мг) иситнете ги во прав и полиете ги со 250мл ракија (или 70% медицински алкохол) и оставете да отстои 1-2 дена.
Секоја вечер протресете ја тинктурата и во неа натопете газа.
Облогата ставете ја на петиците, завиткајте ја со најлонска кеса и облечете чорапи. Оставете да преноќи.
Следниот ден измијте ја со вода и намачкајте некој мрсен крем за нозе.
