Здраво тело

Еве како отказувањето од цигари го менува вашето тело!

Кога ќе престанете со пушење, вашето тело брзо после тоа почнува да “заздравува”. Еве што се случува во организмот.

За резултатите да бидат видливи, треба да мине некое време, но веќе после 20 до 30 минути можат да се забележат некои мали подобрувања во функционирање на организмот – прво се намалуваат крвниот притисок и пулсот, а стапалата и дланките стануваат потопли бидејќи се подобрува циркулацијата.

После осум часа од оставањето на цигарите, во телото се намалува нивото на јаглен-моноксид, додека се зголемува протокот на кислород. Познато е дека на пушачите им ослабува сетилото за мирис и вкус, но кога ќе минат само 48 часа без цигари, овие сетила постепено се враќаат.

Кога ќе изминат три дена, односно 72 часа од последната испушена цигара, бронхите почнуваат да се опуштаат. Две-три недели се доволни за да се забележи подобрување на циркулацијата, подобро функционирање на белите дробови, а се зголемува и издржливоста на телото.

Во период од еден до девет месеци, кашлањето полека се намалува, со оглед на тоа што во овој период белите дробови подобро функционираат.

После една година од последната запалена цигара, ризикот од рак на белите дробови е двојно помал.

Срцевата болест после 15-тата година од последната запалена цигара им се заканува исто колку и на оние кои никогаш немаат пушено цигари, а ризикот од изненадна смрт е подеднакво ист како кај непушачите.

Write A Comment