Free zone

Фатални астро комбинации

Овие четири фатални астро комбинации сигурно во некој дел од животот ќе завршат заедно од преголемата  привлечност меѓу нив.

Лав и Водолија

Господарот на вселената Лавот не може да одолее на слободоумната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух го одушевува Лавот а за Водолиите најпривлечна е  неговата харизмата. Она што може да ја саботира оваа комбинација е егоцентричноста на Лавот како и потребата на Водолијата постојано да биде бунтовник и да им пркоси на сите социјални закони.

Бик и Шкорпија

Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Шкорпијата и ја види неговата страст за животот, доаѓа до голема меѓусебна страст и желба. Во врската едноставно неможат да се наситат еден на друг но меѓутоа конфликтите се неизбежни.Бикот го одушевува темпото на Шкорпијата но и прилично го уморува, па Шкорпијата мора да дозволи мали паузи за Бикот да се одмори.

Овен и Вага

Вагата е суптилна и нежна а Овенот е суров и неодолив, и едниот на другиот си представуваат предизвик на кој неможат да му одолеат.Она што може да ја саботира оваа врска е тоа што Вагите обожаваат рутина и имаат почит спрема правилата по секоја цена,што го излудува Овенот, па ќе мораат да се потрудат да најдат компромис.

Близнаци и Стрелец

Овие два знака не се привлекуваат само физички туку и психички и не постојат други два знака што уживаат разговарајќи еден со друг.Единствено она што може да се испречи меѓу нив е уверувањето на Стрелецот дека  е најпаметен на свет што го излудува Близнакот.

Write A Comment