Потребни состојки за тестото:
– 3 јајца
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици брашно
– малку пециво
За кремот:
– половина литар млеко
– половина литар слатка павлака
– 150 гр шеќер
– 10 гр желатин во прав
– 150 гр печен лешник
– 150 гр наполитанки со фил од лешник
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени.
Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го брашното и пецивото и сипете ја смесата во калап 26 цм, и печете околу 15 минути.
Изматете ја слатката павлака. Загрејте го млекото со шеќерот, доволно колку да се растопи шеќерот, па оставете го да се излади. Кога ќе биде изладено во млекото ставете ја изматената слатка павлака, смелените наполитанки, исецканите печени лешници, и желатинот кој претходно го подготвивте по упатството. Узмешајте ги убаво сите состојки со миксер.
Сипете го филот врз изладената кора и ставете го калапот во фрижидер за да се стегне. Потоа декорирајте по ваша желба.
Наш предлог е да ја премачкате тортата со шлаг и да ја декорирате со рендана чоколада и вишни.
