Понекогаш, ако сте во сингл фаза, може да се најдете во мошне незгодна ситуација, доколку сте опкружени со парови, и да ви биде многу непријатно. Овие совети, ќе ви помогнат полесно да ги поднесте тие сингл денови…
Значи, моментално немате дечко? Тоа не е ништо страшно. На прв поглед, кога ги гледате вашите “спарени пријателки”, како цвркотат можете да се депримирате поради вашиот соло статус, но реално гледано, сингл животот овозможува многу задоволства. Оние жени кои очајуваат, не си допуштаат на себе си, да го извлечат најдоброто од својот сингл статус. Но според психолозите, нема подобра прилика да научите нешто за себе , да ги истражите сите можности и конечно да го направите сето она кое не сте стигнале додека сте биле во врска. Се што ви треба е само вистински став, затоа следете ги овие стратегии и ќе се чувствувате божествено.
Угодувајте им на своите желби.
Кога сте сами, можете да живете како сакате. Тоа значи дека можете да се преселите во друга држава, со цел на напредување во кариерата. Да се вгнездите на 1 недела во Рим, не водејќи никаква сметка за желбите и потребите на другите. Сингл, девојките имаат повеќе слобода, почесто се гледаат со своите пријатели и имаат повеќе можнисти да го прават она што го сакаат, вели социјалниот психолог Бела Де Пауло. Исто така имате време да се бавите со сите оние интереси кои останиуваат во втор план, кога имате дечко. Да бидеме искрени, покрај вашиот сакан, тешко ќе најдете време за себе. Затоа искористете го овој период на слобода да патувате, да одите на некои курс или да работите на себе. Дали одевте на Јога часови , додека бевте во врска? Сигурно не толку често како кога бевте сингл.
Уживајте на незадолжителни секси средби.
Излегувањето на некое друштвено случување, да речеме на вечера, каде што знаете дека ќе преовладуваат парови може да ви делува малку застрашувачки. Но ако се наоружате со вистинскиот став, тоа ќе биде прилика за права вечер. За разлика од вашите зафатени пријателки, вие ќе бидете слободен стрелец и секако ќе можете да флертувате до бесвест, без да се грижите дали партнерот ве посматра. Тоа се моменти кои му годат на вашето его, а не ве оптеретуваат со грижа на совест, а кои и го прават во суштина животот да биде забавен. (посебно кога знаете дека девојките кои се зафатени ве гледаат со завист). Сингл девојките се току често преокупирани со барањето на нов дечко, што не успеваат навистина да уживаат во тие безгрижни, сингл моменти кои можат да го направат животот возбудлив. Иако можеби чезнеете по врска, научете се да не очајувате туку да уживате во моментите полни со можности. Кога подоцна, ќе бидете во врска, ќе ви недостига тоа возбудување кое го носи слободата и кое го чувствувате кога ќе запознаете ново момче.
Не дозволувајте да жалите поради вашиот сингл статус
Запрашајте се…Што е толку страшно, да немате момче? Дали така ви е испран мозокот, па верувате дека тоа мора да е непдносливо? Според стручњаците: Нашето општество, им праќа на жените двосмислени пораки, додека медиумите на сингл статусот му даваат гламур и го прават пожелен, и понатаму од најблиските и пријателите примаме суптилни, старовремски пораки според кои , да се нема партнер е тажно и патетично. Затоа не допуштајте да ве депримираат со такви коментари, исфрлете го тоа од глава и ќе сватат дека се забавувате одлично. Луѓето ќе продолжат да ви досадуваат со приказните за потрага по дечко, само ако им дадете повод. Ако уживате во својот статус – дајте им го тоа на луѓето до знаење. Така ќе престанат да ве гњават а вие ќе можете да се посветите на конкретни работи- флерт, со момчето зад шанкот кој ви го додава кафето со млеко.
