Славниот пар којшто оваа година очекува убава принова во семејството, одлучи Денот на вљубените да го прослави со романтичен пикник на плажа во Калифорнија.
42-годишниот актер и 31-годишната манекенка се шетаа покрај плажата, а потоа уживаа во својата љубов, разменуваа нежности и бакнежи и лежеа на плажата. Покрај сите романтични вечери и прослави, заљубените Ирина и Бредли одлучија да одвојат време за себе и на поразличен начин да го поминат Денот на вљубените. Зарем има поубав начин од тоа да уживаш во свежиот воздух, прекрасниот поглед и прегратката на саканиот?






