Доколку во ваш живее страв дека вашиот сакан повеќе не е заинтересиран за вас, не добивате вообичаени пораки, не се сеќавате кога бил посебно возбуден и желен за љубов, еве неколку идеи како повторно да му станете неодолива.
Луѓето ќе ве сакаат онолку колку што се сакате самите себе. Обидете се да ја вратите страста во својата врска со овие пет работи.
Пронајдете ја вашата сопствена страст
Вратете се во времето кога сте уживале и почнете се. Уживајте во тоа што го сакате во слободното време, вклучително и времето кога тој е во ваша близина. На пример, доколку сакате музика, уживајте во неа. Ако сакате готвење и дегустација на јадење со вино, посветете се на тоа или на било што во кое уживате.
Излезете од дома
Посетувајте часови по танц, готвење или било што. Направете планови со пријателите, посетете некои настани, погледајте филм во кино, жива свирка…
Чуствувјате се секси
Облечете облека во која ќе се чувствувате секси. Бидете секси секогаш, дури и кога сте дома а тој ќе го почувствува тоа. Жените постигнуваат повеќе успех кога се чувствуваат секси одвнатре, отколку кога се трудат да изгледаат секси за него.
Пронајдете време за семејството
Доколку сте уморни од дома и немате многу слобода бидејќи се грижите за децатаидомашните обврски почнете да уживате со нив и создавајте посебна врска. Постојат многу забавни работи кои можете да ги правите со вашите деца. Тој ќе забележи дека се забавувате и ќе посака да поминува повеќе време во ваше друштво.
Прашајте го да ви се придружи
Повикајте го вашиот партнер да ви се придружи на добра журка и доколку ве одбие не го сфаќајте тоа лично. Доколку забележите дека вашиот живот се менува на подобро и доколку самите се чувствувате така, а вашиот партнер продолжи да ве игнорира, кажете му точно како се чувствувате. Појаснете му дека ви недостасува и погрижете се заедно да поработите на вашиот однос.
