← НАЗАД НА БОЗА

Како размислува фаталната жена?

Како размислува фаталната жена?
47 Читања

Жената секогаш ги создава правилата. Играта припаѓа на жената. Таа учествува само тогаш кога сама ги создава правилата.

Правилата подлежат на промена, по секое време и без претходно известување. Од жената.

Ни еден маж не може да ги знае сите правила. Секогаш има нови.

Жената никогаш не греши. Ако сепак згреши, тоа е како резултат на недоразбирање, што пак е последица од нешто што мажот направил или рекол.

Ако горното е валидно, тогаш мажот се задолжува што поскоро да се извини на жената, за недоразбирањето, за кое е виновен тој.

Извинување без букет цвеќе, не се смета за извинување.

Жената може да го смени мислењето по секое време.

Мажот не може никогаш да го смени своето мислење  без претходна и изрична согласност од жената.

Жената има право да е лута и нервозна во било кое време.

Жената е спремна, кога е спремна.

Мажот треба да е спремен во било кое време.

Ако жената е нерасположена тогаш сите правила се невалидни.

Од мажот се очекува да чита мисли. Постојано.

Мажот треба да го заслужи женското внимание, посветувајќи го својот живот во служба на жената, при тоа задоволувајќи ги сите нејзини каприци, важни и неважни. Но важни за неа, без разлика што тој мисли 🙂

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk