← НАЗАД НА БОЗА

Како сексот за една вечер ја уништува љубовта?

Како сексот за една вечер ја уништува љубовта?
333 Читања

Генерацијата која доаѓа всушност е премиерна генерација, која го има тој назив на луксуз, да нејзините припадници можат да бидат секоја вечер со различна личност, а никој да не ги осудува.

Секако и денес можат да се слушне изразот „курва“, но во главно од страна на личност која спиела со ист број на личности како  и тој некој кој го нарекуваат со исто име.

Секако дека културата на сексот за една вечер постоела и порано, но никогаш не била вака глобално прифатена, дури не како потребно зло, туку како потребно добро.

Како да исчезнало мислењето дека сексот за една вечер, колку и да биде забавен, е една бесмислена забава без значење. Прашањето е дали новите генерации воопшто сваќаат колку е подобар сексот со некој кој всушност нешто значи?

А како таа нова култура ја уништува љубовта? Дали ви звучи познато некое од овие сценарија?

Во некој вид на врска сте, но не сте биле ниту на еден состанок.

Новите генерации не излегуваат.. Новите генерации се во „шема“.

Донесувате лоши одлуки кои влијаат на другите области на вашиот живот.

Културата на сексот за една вечер е блиску поврзана со дрогата и алкохолот. Повеќето од нас не преферира секс со потполен странец. Новата генерација тоа го решава така што ќе се напие..

Се доведувате себе си често во ризични ситуации. Да, мислиме на половите пренoсливи болести.

Тие не се мит, вистински се. И што повеќе секс имате со потполни странци, поголеми се шансите дека ќе добиете една од нив.

Веќе не ги набљудувате мажите и жените како луѓе, туку како плен.

Кога излегувате, мажите и жените (зависи од тоа што ги интересира), не излегувате да се дружите- туку во лов.

Светот станува мрачно место поради недостатокот на љубов.

Сексот е она што телото го сака. Љубовта е она што душата го сака. Му давате на телото тоа што му треба, а на душата не. Поради ова, вашиот свет почнува да се врти околу физичкиот аспект.

Ја пропуштате вистинитоста на стихот „ љубовта е убава само додека се чека“!

Не дозволувајте неизвесноста и чекањето да внесат забава во вашиот однос со личноста која ви се допаѓа. А тоа е најзабавниот дел.

Го пропуштате целиот тој феноменален секс

Тука и таму, може да се случи да имате супер секс со странец. Но, во главном е просечен, а често и буквално лош. Сексуалната тензија не е нешто што се создава туку така. Таа се создава помеѓу две личности што едноставно се сакаат. А сексот после долго изградување на сексуалната тензија има многу повеќе потенцијал да биде феноменален.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk