Многу често се случува да прекине врската со изговорот дека тој сеуште не е спремен за врска, а веднаш потоа истиот тој да има сериозна врска па дури и да стапи во брак! Причната за тоа е дека тој во вас не ги видел главните карактеристики на жената со која би сакал да го помине животот. Малку сурово, но мажите го признаа тоа.
Еве зошто мажите може многу лесно да го сменат мислењето:
Таа е возбудлива и ангажирана!
Таквата жена успева да предизвика измешани чувства кај мажот, исчекување и неизвесност и на крајот секогаш успева да го изненади. Спонтана е и сака да го побие митот за брачната моногамија.
Таа навистина сака секс!
Ништо ново, отсекогаш овие девојки биле на висока цена кај мажите. Уште и кога таа емоциите ќе ги наведе како главни мотиви за секс, има подлога за да ја ожени.
Партнерот не и е се во животот!
Мажите сакаат простор. Тие не сакаат кога девојката нема ништо друго поважно, па постојано сака да биде со нив , да им се јавува, да ги контролира, да бара да и го пополнува слободното време што го има повеќе од потребно… Тоа нив ги заморува. Мажите сакаат жени кои имаат некаква цел во животот.
Таа е свесна колку и значи партнерот!
Тоа што мажите ги привлекува незнависна девојка, не значи дека таа треба постојано да се држи на дистанца. Тие сакаат и да им покажете дека ви значи.
Таа го сака најдоброто за него!
Мажите не сакаат кога жените им заповедуваат што треба да направат. Меѓутоа, ценат кога им помагате да ги исполнат своите цели, па дури и кога за тоа ќе треба да го повишите тонот, сè само за на крајот да се покаже дека навистина сакате да му помогнете.
