Мојата кујна

Канелони од модар патлиџан

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 450 г мелено јунешко или телешко месо

* 2 модри патлиџани, исечкани по должина

* 2 црвени кромиди, исечкани

* 4 чешниња лук, исечкани

* 1 лажица рузмарин

* 1 лажица оригано

* 2 шолји доматно пире

* 4 лажици маслиново масло

* сол и бибер по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

На тава за готвење ставете една лажичка маслиново масло, а потоа ставете го меленото месо, половина од кромидот, половина од лукот, рузмаринот, ориганото и пропржете го месото. Посолете по вкус.

Во друга тава за готвење, на среден оган загрејте една лажичка маслиново масло и пропржете ги остатокот од кромидот и лукот, а потоа додадете го доматното пире. Пропржете се заедно и тргнете го сосот на страна.

Додека сосот се лади, пржете ги парчињата модар патлиџан, при тоа пржејќи и на двете страни, а потоа оставете ги да се оладат.

Кога модрите патлиџани ќе се оладат, во секое парче ставете малку од прженото мелено месо и завиткајте ги во ролна. Повторете го ова со секое од парчињата, и потоа ставете ги во тава за печење.

Прелијте ги модрите патлиџани со сосот од домати и ставете ги претходно загреана рерна да се печат.

Печете 15-тина минути и сервирајте го јадењето додека е топло.

Write A Comment