Откако сите се зачудија и потресоа околу разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит, очигледно е дека познатите актер и актерка продолжиле со својот живот. Најпрвин започнаа шпекулациите дека Пит почнал да се забавува со Марион Котилар, но по сè изгледа дека тој тајно се забавува со друга негова колешка.
Вистината е дека Бред Пит се забавува со познатата актерка Кејт Хадсон, којашто самата потврди за нивната врска. Покрај тоа 37-годишната актерка беше забележана како зборува со агентот на Пит и по забавата на доделувањето на Златен глобус таа си замина со истиот автомобил со којшто си замина и згодниот актер. Сите претпоставуваат дека тие се заедно веќе неколку месеци, но својата врска ја држат во тајност. Мајката на Кејт не сака ниту да ја негира, ниту да ја потврди оваа врска на нејзината ќерка, со што додатно ги потврдува сомнежите за новиот холивудски пар.


