Мојата кујна

Коцки со кајсии

Состојки:
2 листа обланди

550 г жолт шеќер

3 дл вода

250 г маргарин

150 г сечкани лешници

100 г суви кајсии

400 г мелени кекси

За прелив:

200 г чоколадо за готвење

50 мл зејтин

Подготовка:

Во тенџере ставете жолт шеќер и загревајте го на умерена температура со повремено мешање додека не се карамелизира.

Долејте потоа вода и продолжете со готвењето додека карамелот не се растопи.

Додадете маргарин, па мешајте додека и тој не се растопи.

Тргнете го тенџерето од оган, додадете ги мелените кекси, сечканите лешници и сувите кајсии и мешајте додека не се добие компактна смеса.

Првата обланда ставете ја во подлабока тепсија со соодветна големина, па прелејте ја со млак фил од кекси. Прекријте ја со другата обланда и притиснете одозгора со некој потежок предмет па оставете го колачот да се стегне.

Одделно растопете чоколадо со зејтин, па прелијте врз обландите. Почекајте глазурата да се стегне а потоа исечете ги на помали коцки.

Write A Comment