Новости

Која е нејзината нова љубов: Анџелина Џоли ќе стапи во брак со анонимен маж?

Само затоа што разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се уште не е финализиран не значи дека славната актерка не може да продолжи понатаму со животот и да најде нова љубов.

Блиски извори на 41-годишната актерка за “InTouch“ откриваат дека таа веќе има нов маж во животот и планира да стапи во брак со него.

– Вестите го шокираа и Бред Пит. Воопшто не беше свесен дека таа се гледа со некој друг, уште помалку дека размислува да стапи во брак со него – открива изворот.

Според него, Бред се чувствува загрозено, посебно затоа што тие сè уште се бори за старателството над нивните 6 деца.

– Самата помисла дека друг маж ќе поминува време со неговите деца го растажува. Бред не го запознал новиот човек во животот на Џоли и не планира да го направи тоа. Смета дека не е добредојден во неговото семејство – изјавува изворот.

– На почетокот, Анџелина се надеваше дека ќе дочека прво да се разведе со Бред, а потоа да почне да живее со друг, но сега веќе и децата ги запозна со потенцијалниот сопруг.

Инаку, според изворите, станува збор за бизнис и филантроп од Лондон кој е во своите 40-ти години.

 

Write A Comment