← НАЗАД НА БОЗА

Лаги за сексот во кои жените треба да престанат да веруваат

Лаги за сексот во кои жените треба да престанат да веруваат
457 Читања

Без разлика дали доаѓаат од неинформираните пријатели, чудните родители или интернет страниците главите на девојките понекогаш се полнат со информации за сексот кои ги само ги збунуваат. Знаењето е моќ и тоа може да придонесе за поздрав сексуален живот и да поттикне отворен дијалог учејќи ги девојките да се чувствуваат удобно во врска со својата сексуалност, и што е уште поважно да го познаат и почитуваат своето тело. Токму затоа важно е да се разјасни вистина за некои од лагите кои им се повторуваат на девојките и жените. 

Хименот е знак на невиност

Не постои медицински начин да се докаже невиноста. Хименот со тек на време попушта, а за време на младоста може да се скине од скокање на трамбулина, јавање коњ и спортување. Некои жени се раѓаат без химен. Покрај фактот што некои жени не крварат првиот пат кога имаат секс, крвта на постелнината останува симбол на губење невиност. Опстојувањето на овој мит доведе до пазар на вештачки химени и реконструктивни операции да се „врати” невиноста. Жените во светот често се предмет на деградација, инвазивни „тестови за невиност“ со кои би се потврдила или негирала нивната невиност.

Првиот пат ќе боли многу

Многу од болката во која жените веруваат дека ќе се случи за време на сексуалното искуство всушност се случува заради зголемената мускулна тензија поради нервоза. Крвта доаѓа од вагиналното ткиво заради недостаток на лубрикација и неискусно водење љубов. Можеби ако девојчињата би биле помалку исплашени – тогаш самиот акт би бил покомфорен за сите.

Вагината се рашири од премногу секс

Вистината е дека жените се разликуваат во големината исто како и мажите. Исто и породувањето нема да ја уништи вашата вагина. Многу жени велат дека поинаку ја доживуваат својата вагина после раѓање на дете (постпородилниот процес зависи од повеќе фактори како возраст, големината на бебето и колку вежбате кегелови вежби). Жените треба да ги прифаќаат своите разлики како нормални и природни, а не како маани.

Жените не мислат многу на секс

Многу сексолози дошле до истиот заклучок: жените сакаат секс исто колку мажите. Зошто овој мит уште постои? Медиумите сакаат да ги претставуваат жените како пообврзана страна во љубовните врски. Не е вистина дека вистинските мажи секогаш имаат незаситен сексуален апетит. Фокусот на општеството кон либидото на мажите создало еден вид карикатура на сексуалноста на мажите, на пример покажувањето на емоции според општеството претставува слабост кај мажите.

На жените не им се допаѓа секс без обврски

Не само што жените сакаат секс, жените можат да имаат секс без да се поврзат емоционално. Истражувањата покажале дека на повеќе жени отколку мажи им се допаѓа секс без обврски. Сексот без обврски е индивидуален избор, а генерализацијата не помага никому.

Мажите треба да купуваат кондоми

Не треба да зависите од никого за сопствената заштита. И девојките треба да бидат подготвени.

Сексот понекогаш боли

Сексот не треба да боли, но за многу жени не е така. Ризично е кога вашите мускули не се подготвени. Потребни се барем 20 минути предигра за вагиналните мускули да се релаксираат и вагината да биде подготвена за пенетрација. Ако ве боли додека имате секс, потребно е да се консултирате со вашиот лекар.

Жените не гледаат порно

Секако дека постојат жени на кои не им се допаѓа порно и тоа е потполно разбирливо, со оглед на тоа дека порно индустријата промовира нереалистична женска сексуалност. Мажите и жените исто одговараат на сексуално експлицитен материјал, а зголемувањето на активноста на мозочните бранови кога гледаат еротски слики е исто толку силно како и кај мажите.

„Фригидните“ партнерки се причината поради која мажите изневеруваат 

Митот за фригидните сопруги сеуште постои и создава мнение дека жените се премногу незаинтересирани за да ги задоволат своите мажи. Но наместо мрзеливо за неверството да ги обвинуваме родовите стереотипи подобро би било да го охрабриме превземањето на лична одговорност. А ни мажите не заслужуваат да бидат третирани исклучиво како животни кои не можат да ги контролираат своите нагони.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk