Мојата кујна

Лазања торта

ПОТРЕБНИ СОТОЈКИ:

За 4 личности

400 грама тесто за лазањи

200 грама шунка

6 лажици рендан пармезан

½ главица кромид

1 морков

½ корен целер

500 грама доматен сос

500 грама шампињони

3 лажици маслиново масло

30 милилитри масло за јадење

Сол и бибер

За бешамел

50 милилитри масло за јадење

50 грама брашно

½ литар млеко

Сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кромидот, морковот и целерот исечкајте ги ситно и заедно пропржете ги. Додадете ги шампињоните и динстајте 5 минути со постојано мешање. Намалете ја температурата, додадете го сосот од домати, посолете, ставете бибер поклепете ја тавата и варете 20 минути.

За тоа време направете го бешамел сосот во кој ќе го додадете изренданиот пармезан.

Тестото за лазањи ставете го во веќе зовриена солена вода и варете 3 до 5 минути.

Калапот во форма на купола премачкајте го масло, обложете го со лазањите, потоа ред шунка, прелијте со претходно приготвениот бешамел сос. Постапката повторете ја се додека не го потрошите сиот материјал. Водете сметка да завршите со лазањи и бешамел сос.

Вака подготвената торта печете ја на веќе загреана рерна на 200 степени Целзиусови, 20 минути.

Печената торта од лазањи внимателно пренесете ја на послужавник и сервирајте ја со сосот од зеленчук и шампињони.

Уживајте!!!

Write A Comment