After Midnight

Мажите изјавуваат искрена љубов дури после сексот

Жените се дефинитивно поромантичниот пол, но мажите се тие што први кажуваат „ Те сакам “. Ако почувствувате дека љубовта после сексот се зголемува, тогаш дефинитивно станува збор за искрени чувства.

Што најчесто кријат мажите од понежниот пол ?

Според објаснувањата на научниците, двата пола се генетски програмирани да влегуваат во врски каде постои потенцијал за бременост, поради што и љубовните изјави доаѓаат после сексот. Исто така истражувањата покажале дека мажот што ги искажува своите „ чувства “ пред сексуалниот чин, најверојатно не сака долга врска.

Жени…би требало да бидете скептични доколку Вашиот партнер ги изговори магичните зборови „ Те сакам “ пред  сексуалниот однос. Едноставно, после сексот не постои двосмисленост со која мажите би сакале да добијат нешто повеќе.

Напиши коментар