Потребни состојки
За пандишпан:
7 јајца
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
1 прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер
150 грама чоколодо
2 лажици како
2 лажици ( околу 50 грама ) маргарин
За желе:
1 литар сок од портокал
1 портокал (измикасн)
3 пудинзи од ванила
За мус:
500 милилитри слатка павлака
300 грама чоколадо
10 грама желатин
За глазура:
150 грама чоколадо
150 милилитри слатка павлака
2 кесички какао
Подготовка
За пандишпан:
Раздвојте ги јајцата, белките од жолчките. Белките изматете ги со 4 лажици шеќер. Потоа изматете ги жолчките со 3 лажици шеќер, додајте го брашното, прашокот за пециво, какаото и растопеното чоколадо со маргарин. Додајте го шлагот од белките и измешајте ги состојките со лажица. Печете го тестото околу 15 минути на температура од 180 степени.
За желе:
Сварете го сокот од портокали и додајте ја испасираниот портокал. Додека смесата е врие додајте ги разматените пудинзи од ванила. Кратко проварете и прелијте ја смесата врв веќе подготвениот пандишпан.
За мус:
Изматете ја слатката павлака, додајте го растопеното чоколадо и желатин. Истурете ја смесата врз желето.
За глазура:
Сварете ја слатката павлака, какаото растопете го со две лажици павлака и подоцна додадете ја целата слатка павлака. Ставете те го изренданото чоколадо и добро измешајте ја смесата. Смесата прелијте ја преку претходно ставениот мус.
Уживајте во ориенталниот вкус на чоколадото.
