ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр брашно
* 65гр нишесте
* 130гр мек путер
* 200гр шеќер
* 4 јајца
* 70мл млеко
* сок од два лимона и рендана кора
* 1 канче кисело млеко
* малку сол
* 1 пециво
* шеќер во прав за попрскување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден сад го мешаме шеќерот заедно со кората од лимон.
- Ги додаваме јајцата, млекото, јогуртот, сокот од лимон и путерот. Мешаме додека не стане крем.
- Постепено го додаваме брашното, нишестето и пецивото и мешаме така додека се добие меко и пуфкаво тесто.
- Смесата ја ставаме во тава или форма за печење во загреана рерна и печеме околу 30-35 минути на 180 степени.
- Го вадиме колачот од рерна и откако ќе се олади го посипуваме со шеќер во прав.
- Гарнираме со свежо овошје и сладолед.
