Сармата е специјалитет без кој празниците на Балканот се едноставно незамисливи. Слави, Божиќ и Нова година, сите поголеми прослави не проаѓаат без неа. Овој спој на кисела зелка, мелено месо, ориз и сушено месо е апсолутна класика.
Иако сигурно имате рецепт кој со генерации се пренесувал, ние за секој случај ви приложуваме уште еден, испробан, за неверојатно вкусна сарма. Баш онака како што не учеле мајките и бабите.

- 2 главици кисела зелка
- 1 килограм мелено месо (700 грама јунешко и 300 грама свинско)
- 180 грама ориз
- 1 јајце
- 3 главици кормид
- 2 чешниња бел лук
- ситно сецкан свеж магдонос
- зачини (сол, бибер, вегета, ловоров лист)
- сос од домати
- суво месо (ребра коленица)
За почеток, одвојте листови од главицата кисела зелка и отсечете го коренастиот дел. Ако зелката е пресолена, слободно листовите измијте ги со ладна вода. Откако ќе ја припремите зелката прејдете на подготовка на останатите состојки.
Во сад ставете го месото, потоа додајте исецкан кромид и лук, магдонос, ориз, јајце и сите зачини. Добро измешајте ги со раце и додајте една мала чаша со млака вода бидејќи на тој начин најлесно ќе може да ги полните листовите.
Откако добро ќе ги измешате состојките, ставете ги во фрижидер најмалку половина час, а потоа почнете со обликување на сармите. Доколку додека смесата била во фрижидер упила повеќе вода и сега ви личи сува слободно додајте малку вода и добро измешајте.
На дното на големо тенџере ставете неколку лажици масло и наредете неколку листови зелка за да се залепи сармата во тек на готвењето. На средината на тенџерето над листовите зелка ставете суво месо па замотаните сарми редете ги околу месото се до врвот.
Откако ќе ја потрошите целата смеса, на врвот ставете уште неколку парчиња суво месо и сармите покријте ги со неколку листови зелка и полијте ги со топла вода во која претходно ќе растворите малку од сосот од домати, малку од зачините (сол, бибер, шеќер) и еден ловоров лист. Така полиени со мешавината покријте ги сармите со чинија превртена наопаку и ставете го тенџерето на шпоретот.
За почеток ставете да се готви на посилен оган додека не зоврие па намалете ја јачината и оставете ја сармата да се готви на тивок оган околу 2.5 до 3 часа.

Оваа верзија на сарма е без запршка, но вие можете да ја направите и со запршка на крајот. Количината на суво место исто така оставаме сами да ја одредите според свој вкус.
