Соништата сами по себе се доста интересен феномен. Истраживме малку и откривме неколку многу интересни факти за нив, за кои веруваме дека ќе бидете љубопитни да дознаете. Еве и кои се тие.
Соновите ни помагаат во учењето
Сигурно сте гледале детски цртани филмови, каде непослушен ученик спие со учебникот по математика под перница со надеж да му влезе нешто во главата. Па, може и тоа да се случи! Според научници од Харвард, додека сонуваме, мозокот ги процесира информациите кои сме ги добиле преку ден. Па не се изненадувајте ако ви се случи да знаете нешто, без да ви е јасно од каде.
Може да сонувате и без да спиете
Излегува дека може да сонувате додека работите, гледате телевизија или додека возите автомобил! Тоа се смета како совршено средство на релаксација!
Најчестиот сон е, како го фаќате партнерот во неверство
Не знаеме дали од страв да не се случи навистина, но 90% од луѓето, барем еднаш сонувале како нивниот партнер ги изневерува. Сите го опишуваат сонот како доста реален емоционален план. Дури повеќето од нив признаваат дека непријатното чувство не ги напушта со часови, откако ќе се разбудат.
Немаат само мажите “влажни соништа”
Како мажите, така и жените можат да достигнат до оргазам во сон и тоа без апсолутно никаков физички контакт! Уште еден доказ дека задоволството од сексот доаѓа прво од нивните умови, а потоа од телото.
Може да се вратите назад во сон
Најверојатно ви се случило некој да ве разбуди, само кога сонувате супер пријатен сон. Па, има начин да си го “досонувате”. Завземете ја омилената поза за спиење и опуштете се. Мислете на сонот од моментот пред да ве разбудат.
