Free zone

Октопод – отворач за шишиња

Окти, октоподот од Новозеландскиот национален аквариум во Напиер, умее да го отвори шишето за да дојде до вкусната краба што се наоѓа во него.

Оваа женка октопод користи два од своите осум краци за да го отвори отворачот и да дојде до вкусното залче. За тоа и се потребни само две и пол минути, пренесе агенцијата ДПА, повикувајќи се на локалниот печат.

Оваа вештина ја научила со помош на чуварите кои се грижат за неа, иако во аквариумот стигна само пред три месеци. Нејзе ја донесе едно локално семејство, откако ја пронајдоа заробена во дупка со вода на една карпа.

Во дирекцијата на Аквариумот велат дека тоа е најпријателскиот октопод што било кога го имале и додаваат дека малку луѓе знаат колку се интелегентни октоподите – одлични набљудувачи се и тие се спремни за соработка.

Напиши коментар