Новости

Ова се имињата на близнаците на Бијонсе и Џеј Зи

Кон средината на јуни, сите обожаватели на Бијонсе и Џеј Зи беа пресреќни поради раѓањето на нивните близнаци, но сè досега беше познато само дека се работи за момче и девојче, а нивните имиња не беа објавени.

post cover photo

Сега во јавноста беа објавени имињата на близначињата. Тие ќе се викаат Руми и Сер Картер. Славните родители го имаат заштитено името на нивната ќеркичка Блу Ајви, а сега тоа ќе го направат и со имињата на близнаците. Тие поднесоа барање за заштита на имињата Руми и Сер за производи како парфеми, бебешка опрема, детски чанти, колички, козметика, карти за игри и слично.

 

Write A Comment