← НАЗАД НА БОЗА

Ова се случува кога мајката природа ќе се предомисли среде работа

Ова се случува кога мајката природа ќе се предомисли среде работа
292 Читања

На секои 1000 луѓе има 11 луѓе со различна боја на очите. Оваа необична појава е предизвикана од неколку фактори, и се развива со време.

Бојата на ирисот се развива за време на првите три месеци после раѓањето, а нивото на пигентот меланин определува колку темни ќе станат очите. Колку помалку меланин се изразува во ирисот, толку посветли ќе бидат очите, и обратно.

Понекогаш концентрацијата и дистрибуцијата на меланин не е униформна и доведува до состојба позната како хетрохромија, и може да се изрази на различни начини. Постои целосна хетерохромија, каде секое око е целосно различна боја, како на пример едното сино, а другото кафено. централната хетерохромија е кога очите имаат различни бои, како на пример, син ирис со златно – кафен прстен околу зеницата. А секторна хетерохромија е кога еден ирис има нијанса која е различна од вкупната нијанса на целото око.

Kad se Majka Priroda predomisli usred posla

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk