Памела Aндерсон налутено истрчала од студиото за време на снимањето на емисијата “Celebrity Juice”, бидејќи покажале нејзина стара фотографија од минатото, без таа претходно да ја одобри.
Водителот Кеит Лемон тврди дека таа едноставно станала и си заминала кога ја видела фотографијата, оставајќи ги сите изненадени.
– Само си ја зема бундата и ја напушти емисијата а на еден од продуцентите му рекла: “Не ми се допаѓа тоа што прикажувате моја фотографија без мое овластување, не сум воопшто среќна што го направивте ова – раскажал водителот за “The Sun”
– Таа е пријатна жена, има гостувано кај нас веќе три пати, сигурен сум дека ќе ја видам повторно и дека ќе го решиме недоразбирањето – заклучил водителот.

