After Midnight

Пазете се од мажи од типот – “кршачи на срца”

Има неколку типови мажи кои не заслужуваат да им ја дадеш својата љубов. Тие се арогантни, женети, далечни, и определено не се за тебе. Како да препознаеш од кои мажи треба да се пазиш, и кои се оние што ќе ти подарат несреќа и скршено срце наместо љубов, научи сега:

Женетиот маж, тој е обврзан и пред бога и пред институцијата и да ја напушти жена си поради тебе е речиси невозможно. Бегај од него како ѓавол од темјан. Штом ја изневерил неа со тебе, ќе те изневери и тебе со друга.

Љубовта од растојание е слатка, но трае кратко. Во еден момент скајпот и мејловите не се доволни, зборовите се само црни флеки по белот екран, а нежноста, допирот, прегратките и бакнежите не можат да се осетат со емотикони, телефонски разговори и видео чатови.

Арогантниот тип ќе го препознаеш по грозните зборови со кои ги нарекува сите околу себе. Не ти е потребно да се обврзеш со маж кој ќе те затрупа со негативна енергија и ќе гледа само црно на иначе шарениот свет.

Сексот за една ноќ не е нешто од кое треба да се пазиш, но ако си мислиш дека утредента тој ќе се разбуди со мислата дека ти си жената на неговиот живот, длабоко се лажеш.

Друг познат кршач на срца е мажот што се плаши од обврзување. Тој не покажува емоции, се крие зад маска или едноставно вели дека срцето му било кршено многу пати и му е страв да не му се случи повторно.

Нашиот совет е, колку и да е тешко, треба да му свртите грб на ваквиот маж, за да најдеш некој подобар, кој ќе те направи вистински среќна и сакана жена.

Напиши коментар