Неверојатно вкусен прилог кој одлично се вклопува со печено месо, а доколку не сте љубители на месото, послужете го како одлично предјадење.
Вкусот е неверојатно различен но во исто време премногу добар за да не го пробате. Овој рецепт е вистинско освежување за вашиот неделен ручек!!!
ПОТРРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 децилитри павлака
6 жолчки
1 лажица путер
900 грама компири
900 грама сирење по желба
900 грама јаболка
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги компирите и јаболката. Компирите исечете ги на кругови, а јаболката изрендајте ги. Сирењето испасирајте го.
Во сад настрана добро измешајте ги жолчките и павлаката. Посолете и ставете бибер.
Во сад за печење кој претходно сте го намачкале со путер по целата внатрешна површина, редете слој компир, сирење и рендани јаболка, се додека не ги потрошите намирниците.
Откако ќе завршите со редењето прелијте со смесата од павлака и жолчки.
Поклопете го садот со фолија за печење.
Печете на 200 степени Целзиусови 30 минути, потоа извадете ја фолијата и печете уште дополнителни 15 минути.
Вкусот ќе Ве изненади!!!
