Состојки:
- 1 пакување розен кори
- 1 л соино млеко со вкус на ванила
- 3 кесички пудинг со вкус на слатка павлака
- 200 гр бело посно чоколадо
- 250 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 200 гр печени мелени лешници
- 1 л билна слатка павлака
Начин на подготовка:
- Пудингот разматете го во малку студено соино млеко (можете да додадете 2-3 лажици шеќер). Остатокот од соиното млеко ставете го да зоврие и згответе пудинг. Тргнете го од оган и во врелиот пудин измешајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека не се растопи. Оставете да се излади.
- Пенесто разматете маргарин со шеќер во прав. Разладениот пудинг соединете го со шеќер во прав во пенестата маса. Потоа додајте лешник и матете уште малку.
- Посебно разматете ја билната слатка павлака. Филувајте на следниов начин: кора – фил – слатка павлака, и така додека не се потроши материјалот. Завршете со слатка павлака.
Уживајте!
