Многумина од нас сонуваат за својата сродна душа и идеален однос. Дали нешто такво навистина постои?
Врската со сродната душа е лесна!
Ниедна врска не е лесна. Секој однос, секоја врска бара внимание, време, енергија, отстапки… Често се случува покрај многуте обврски да заборавиме партнерот. А сето тоа да ја комплицира врската. Таа врска не може да успее, па и да сте сродни души.
Сродните души немаат конфликти!
Не пости врска без конфликти. Сепак секое човечко суштество кое е изложено на секојдневие, не може да остане мирно и рамнодушно на проблемите. Сето тоа се одразува на врската. Колку и да ве разбира партнерот еден ден и тој ќе попушти со нервите.
Врската со сродната душа е секогаш романтична!
Реалниот живот е далеку од романтичните филмови. На почетокот од врската може да има романтични моменти и угодување. Но, понатаму со текот на времето полека снемува време и енергија за тие работи.
Сродните души слично размислуваат
Двајца не може да имаат идентичен мозок. Па и потребите, желбите, енергијата не може да бидат исти.
Сродните души секогаш може да кажат што мислат!
Некои мислат дека врската со сродни души е поискрена. Но, не секогаш имате нешто да кажете што партнерот сака да слушне. Секогаш има нешто што не сакате да го слушнете. На пример за тоа дека тоа што во моментот го носите не ви стои добро.
Во врската со сродни души проблемите сами се решаваат!
Проблемите сами од себе не се решаваат. Може само да бидат длабоко потиснати и во момент на најмала криза повторно да излезат на виделина. Доколку не го решите проблемот вие, тој сам не се решава.
Сексот со сродната душа е идеален!
Сексот е потреба која ја има секој партнер. Важно е само да му дадете приоритет пред секојдневните проблеми и обврски. Кога тоа ќе го постигнете нема да има потреба да барате сродна душа.