← НАЗАД НА БОЗА

Постојат девет основни типови на личности: Во која група припаѓате вие?

Постојат девет основни типови на личности: Во која група припаѓате вие?
74 Читања

На основа на една позната психолошка теорија за основни типови на личности и нивна класификација, постојат девет основни типови на личности. Познавајќи одреден тип на личност значи познавање и разликување на основните модели на однесување во различни ситуации, во комуникација или изразување и нивно делување. Особите кои припаѓаат на ист тип на личност во голема мера се и слични помеѓу себе. Сепак, извесните разлики кои постојат во оквирот на секоја личност, потекнуваат од неколку фактори од кои најзначајни се: менталниот и интелектуалниот степен на развој, возраста, вродените особини, социјалната средина во која расте личноста и културата на која припаѓа. За утеха е фактот дека постојат барем мал број на луѓе кои ни се слични, но во исто време е и поразно затоа што акцентот во реченицата паѓа на ‘мал број’. Значи, шифрата на таинствениот одговор или суштинското објаснување поради кое, сепак не сме сите исти, се наоѓа во многубројните облици на нашето однесување, односно во разликата од една до друга индивидуа.

Значи целта е да ги откриете особините на секој тип на личност, добро да размислите, и на основа на главните особини идентификувајте се со еден од нив.

1. Ако се однесувате совесно, одговорно и принципиелно; имате реални сваќања и ставови, потоа високи идеали или амбиции и настојувате да живеете во склад со нив, Вие сте Перфекциониста.
Кореспондира со хороскопските знаци : Бик, Девица, Вага и Јарец.

2. Ако се однесувате срдечно и со симпатии кон другите, заинтересирани сте и осетливи за потребите на другите луѓе, поседувате емотивна длабочина и ширина, разбирање и топлина, Вие сте Покровител.
Кореспондира со хороскопските знаци: Рак, Стрелец, Водолија и Риби.

3. Ако се однесувате енергично, амбициозно, делувате како оптимиста, сигурни сте во себе и ориентирани кон јасно фиксирани цели, Вие сте Реализатор.
Кореспондира со хороскопските знаци: Овен, Лав, Шкорпија и Стрелец.

4. Ако сте многу осетливи, срдечни, нежни према другите, делувате премногу сензибилно и осетливо, се водите според емоциите, Вие сте Романтичар.
Кореспондира со : Рак, Лав, Вага и Риби.

5. Ако сте повлечени, желни за знаење, аналитични и проникливи затоа што имате нагласена потреба за знаење и учење, делувате замислено, радознало и конструктивно, Вие сте Посматрач.
Кореспондира со: Близнаци, Девица, Водолија и Риби.

6. Ако сте одговорни, верни, приврзани на фамилијата, пријателите и друштвото, тежнеете кон големи предизвици, сте со отворен дух и како авангардна личност по малку склони кон противење и бунт, сигурно сте Истражувач.
Кореспондира со: Овен, Шкорпија, Девица и Јарец.

7. Ако сте енергични, динамични, полетни и оптимисти, а желбата да направите нешто големо или добро за сите никогаш не ве напушта, па животот ви личи на долго, интересно или необично патување, тогаш сте Авантуриста.
Кореспондира со: Овен, Близнаци, Вага и Стрелец.

8. Ако сте сигурни во себе и самоуверени, директни и продорни, потоа влевате голема доверба и делувате заштитнички, се однесувате иницијативно и активно, склони сте кон ризик, тогаш Вие сте Самоуверени.
Кореспондира со: Овен, Лав, Шкорпија и Јарец.

9. Ако сте отворени, премногу друштвени, срдечни и предосетливи, културни и добро воспитани, дипломатски мудри, полни со разбирање за другите и секогаш спремни да дадете подршка, па вас затоа премногу луѓе ве сакаат, тогаш сте Комуникативни.
Кореспондира со: Близнаци, Рак, Стрелец и Водолија.

Што Вас Ве води низ животот?

– Покровителите, реализаторите и романтичарите низ животот ги води Срцето (чувствата).
Тоа се Овен, Рак, Лав и Риби.

– Посматрачите, истражувачите и авантуристите низ животот се раководат со Главата (мислењето).
Тоа се Близнаци, Девица, Стрелец и Водолија.

– Самоуверените, комуникативните и префекционистите низ животот се раководат според Инстиктите.
Тоа се Бик, Вага, Шкорпија и Јарец.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk