After Midnight

Предигра на негов начин

Ако мислевте дека мажите се желни само за пенетрација, тогаш сте се излажале. И тие сакаат моќна, возбудлива и примамлива предигра…

Ви претставуваме пет потези на предигра со кои ќе му ги разгорите страстите:

1. Дозволете му да го гледа вашето тело – вие голи, тоа е најеротичниот подарок кој може да му го дадете на вашиот партнер. Дозволете му да си „исплакне очи“ со погледите кон вашето тело, тоа со сигурност ќе го запали многу повеќе, па така и оргазмот ќе биде поинтензивен.

2. Немојте да ги штедите воздишките – воздичките и те како ги возбудуваат мажите. Бакнувајте ги неговите гради, стомак, а при тоа испуштајте воздишки. Топлиот воздух ќе ја зголеми температурата на неговата кожа и ќе ја зголеми возбудата.

3. Малку погруба игра – кога е предиграта во прашање, најчесто жените сакаат понежно заведување, додека мажите често сакаат и малку поагресивен пристап. Мажите ги пали кога жената ги разгорува страстите и кога се однесува малку агресивно, тоа им покажува дека и таа е исто толку загреана, како и тој.

4. Полудете го со допири – мажите се изненадувачки осетливи во кревет. Практикувајте масажа, лесно поминување со вашите нокти по неговиот грб, изненадни штипкања насекаде по неговото тело.

5. Големото финале – за крај бакнувајте и милувајте го по ергените зони, околу неговиот полов орган. Ова е исклучително чувствителен дел од нивното тело и со сигурност ќе го запалите повеќе од што мислите.

Напиши коментар