Една од омилените актерки на тинејџерите ширум светот моментално одмара на плажите на Миконос, каде без горниот дел од костимот за капење измамувала воздишки – пишува Дејли Маил.
30-годишната Шеј Мичел се прославила со една од најпопуларните тинејџерски серии, “Pretty Little Liars”, и со својата убавина ги освоила срцата на милиони фанови.
Сексипилната црнокоса убавица моментално е на летување на грчкиот остров Миконос, и тоа на нудистичка плажа, каде, најверојатно, е главна атракција.
Убавата Шеј на себе имала само минијатурен долен дел од костим за капење, и без срам се шетала со голите гради додека папараците го снимале секој нејзин чекор.

Шеј на Инстаграм има повеќе од 17 милиони фанови, каде редовно објавува убави фотографии од патувања и гламурозни настани.



