Здраво тело

Пригответе домашни лекови со морков

Морковот е зеленчук кој е богат со многу витамини и минерали кои се од есенцијално значење за секој од нас. Од нив може да подготвите домашни лекови кои се моќни и ефектни. Еве неколку од нив:

Против настинка ( посебно за деца )

Измешајте еднаква количина на свежо исцеден сок од морков и млеко, додајте малку мед. Од оваа смеса земајте по 5 до 6 пати во денот по една лажица.

Против воспалени непца

Испирајте ја устата со сок од морков неколку пати во денот.

При екзема и изгореници

На критичното место ставете облоги од свежо изрендан морков

При бронхиална астма

Измешајте една лажива семки од морков (може да ги најдете во секоја билна аптека), и чаша провриена вода. Оставете ја смесата на топло место да стои 12 часа. Пијте по половина чаша два пати во денот.

Write A Comment