Дополнете го вкусот од детството со сочен крем и малини… гарантирано задоволство !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 белки
250 грама шеќер
2 лажички сок од лимон
250 грама ореви
За фил:
3 жолчки
4 лажички шеќер во прав
125 грама путер
Малини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги белките со шеќерот и лимоновиот сок, матете додека не добиете цврст шлаг. Потоа со лажица измешајте ги мелените ореви. Со лажичка вадете од шлагот и истурете врз претходно намастен плех за печење. Печете на 150 степени Целзиусови половина час. Priprema
Изматете ти ги убаво сите состојки за филот.
На една пуслица со помош на шприц ставете крем па неколку малини, па повторно малку крем за да се залепи втората пуслуца.
Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите пуслици.
Уживајте во вкусот!!!
