Руската убавица Ирина Шајк на Инстаграм покажала дека по помалку од еден месец по породувањето успеала да ја врати убавата фигура.
“Пред заоѓањето на сонцето. Моментална ситуација”, напишала таа покрај оваа фотографија.
Како успеала за толку кратко време по пораѓањето да се врати во форма се прашуваат и нејзините фанови на Инстаграм, кои оставале многу коментари барајќи да им ја открие својата тајна.

Ирина со свршеникот Бредли Купер на 21. март ја добила ќерката Леа де Сена. Славниот пар е во врска од 2015. година, но својата врска не ја експонираат во јавноста. Многу ретко се појавуваат заедно на јавни места, а во ниедно интервју не сакале да потврдат дека се заедно, ниту дека чекаат принова.
