Го очекуваме долго време!
Откако неколку години слушаме шпекулации за трет дел на филмот „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер конечно проговори за тоа дали ќе има „Сексот и градот 3“ или не.
Зборувајќи за списанието Marie Claire за време на Њујоршкиот Fashion Week, 51-годишната актерка изјави: „[филмот] се загрева во фиока. Никогаш не беше ‘не’… секогаш беше ‘ако’ и ‘кога’. И ова е сé уште прашањето кое си го поставуваат двајца многу обзирни луѓе кои ги земаат во предвид сите оние луѓе кои имаат посветено многу време. Не сме арогантни за начинот на кој стигнавме до оваа одлука.“
И зборувајќи за повторни собири, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон беа сликани заедно (подолу) на 16 февруари, на премиерата на новата театарска претстава на Метју Бродерик, „Evening at the Talk House“. Нели изгледа Миранда како да се жали што отвориле пет Starbucks кафетерии во нејзината населба во Бруклин и дека таа мора да се пресели?
Претходно во декември, RadarOnline објави дека е дадено зелено светло за филмот „Сексот и градот 3“, тврдејќи дека „договорот е склучен и дека сценариото било потврдено од сите жени“. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг претходно изјави, „Сара Џесика и јас двајцата знаеме каков е последниот дел. Тоа не значи дека ќе биде или треба да биде прераскажан, но верувам дека има една приказна останата.“
