Лео Меси во моментов ужива со неговата сопруга Антонела на медениот месец на Карибите.
Лео и Антонела не се одвојуваат еден од друг, а колку уживаат во бракот најдобро покажува изразот на нивните лица. Со неколку фотографии брачната двојка се пофали и на социјалните мрежи, а на Инстаграм обожавателите особено ги воодушеви совршената линија на Антоанела која е главна тема и во коментарите што ги оставаат корисниците.
По неколку дена од одморот, на младенците им се придружиле и соиграчот и пријател на Меси, Луис Суарез и неговото семејство, а тоа, секако, ги расположило синовите на аргентинскиот фудбалер, Тиаго и Матео, кои добиле друштво за играње.
Инаку, Меси и Антонела се венчаа на почетокот од јули, а се познаваат уште од детството.
