After Midnight

Сексот низ годините!

Секој човек доживува различно сексуално искуство низ годините. Ова се универзални вистини кои ќе ни помогнат да се разбереме и да го разбереме спротивнитот пол.

Сексот на 20: Жени одамна сте ја изгубиле невиноста, но искрено не сте почувствувале и половина од задоволството што го предизвикува сексот. Љубопитни сте и сакате да му угодите на својот партнер. За оргазам дури и не станува збор и, бидејќи се уште не знаете што точно е тоа. За да ја најдете радоста на сексот, ви треба искусен партнер. Мажите на 20 се подготвени да имаат секс во секое време во секој дел од станот. Ништо чудно што врвот на машката сексуалност е помеѓу 16 и 25 години. Тој е буен и не се срами да ја побара секоја своја фантазија.

Сексот на 30: Жените доживуваат се поголема страст со текот на годините. Повеќето веќе имаат постојан партнер, со кого бараат нови чувства. Научиле што е оргазам, а мајчинството ги направила уште пољубопитни. Мажите се вистински мајстори. Конечно се договориле дека за љубовната игра треба време,со што ги тераат партнерките да летаат во небото. На оваа возраст тие продолжуваат да експериментираат со нови пози, места и играчки.

Сексот на 40: И двајцата сте вешти љубовници. Знаете како да “соработувате” во кревет и што сакате. Се радувате на секоја секунда, а младите не можат да се натпреваруваат со ниту со вашата страст , ниту со темпераментот, со кои водите љубов. Жените на 40 го достигнуваат врвот на своите способности. За тоа и разведените жени на оваа возраст бараат неуморни и топли млади мажи, кои го имаат темпото под прекривката. Пламенот кај посилниот пол сепак полека изумира. Експериментите се повеќе се истрошени и немаат желба да уживаат во телото на сопругата секоја вечер. За да го разбудите ѕверот во него, веќе не е доволно само да се соблечете. Важна е љубовта, вашиот најсексапилен а глас и дури афродизијаци.

Write A Comment