Ако во секојдневната исхрана консумирате поголема количина на бел леб, бел ориз, пица и слични намирници полни со јаглехидрати, а при тоа сте жена имате многу големи шански да развиете болести на срцето.
А што е со мажите кои слично се хранат? Научниците велат дека оваа храна го нема истиот ефект врз мажите.
За срцето се штетни јаглехидратите со висок гликемиски индекс, оние кои брзо предизвикуваат шеќер во крв. При научното истражување утврдено е дека жените кои се хранат со бел леб, пица, бел ориз… имаат многу поголеми шанси за срцеви заболувања. Затоа внимавајте при изборот на храната јадете повеќе овошје, житарици, грашок и слична храна која исто така е богата со јаглехидрати но кои не се опасни по здравјето.
