After Midnight

Што кога не сака секс со вас ?

Долгите врски често ги прати  се помала желба за секс. Највообичаено жените први дигаат раце од интимата. Намалената желба за секс која се јавува и кај мажените жени кои ги полнат касите на филмската индустрија како и  литературната. Оваа тема е доста комплексна и кога сте сами и кога сте во пар и треба да ги синхронизирате своите емоции и желби со партнерот.

Постојат повеќе сценарија во кои на крајот секогаш доаѓа до расправа, повредување на еден од партнерите и сомнежи кои остануваат долги време меѓу партнерите. Во сите тие сценарија правиот пристап би бил едниот од партнерите да го прифати фактот дека одбивањето од  партнерот  не е лично кон вас. Причините како стресот на работа и исцрпеноста играат голема улога. Доколку ова не се причините размислете зошто сте биле одбиени. Дали постојат некои други причини или пак едноставно сте многу несигурни во партнерот и секое одбивање мислите дека е поврзано со прељуба. Како и да е секогаш имајте на памет дека партнерот не сака да ве повреди и дека комуникацијата и добриот разговор  ќе го решат вашиот проблем и дека здравиот однос се заснова на компромиси.

Напиши коментар