Во некои култури се смета еднакво важно како и четкањето на забите.
Сигурно не сте знаеле дека преку 700 различни бактерии живеат во устата, а некои од нив се задржуваат на јазикот доколку редовно не го миете јазикот и не ги четкате забите. Поголемиот дел од тие бактерии предизвикуваат да имаме лош здив. Тие можат да создадат и слој поради кој јазикот може да стане бел. Доколку не ја одржувате хигената на забите и јазикот може да дојде и до парадентоза. Тоа е болест која го оштетува забното месо и коската. Ако не се лечи може да дојде до клатење и одпаѓање на забите. Затоа не ја заборавајте хигената на забите и секако јазикот.
