ОВЕН – Од брзиот и секогаш нестрплив Овен може да научиме дека ако ни треба нешто, треба јасно и гласно да го побараме, макар било 4 часот наутро. Овенот нè учи на акција, на делување, како и фактот дека ако не сме гласни, нема да нè забележат другите.
БИК – Бикот е упорен и тврдоглав, ужива во сетилни задоволства, како добра храна на пример. Од Бикот ќе научиме дека треба да успориме некогаш во животот, треба да оставиме да се случи едно нешто за да дочекаме нешто друго, а за тоа најчесто треба време. Треба да си оставиме време за себе и време за одмор.
БЛИЗНАЦИ – Брзи и љубопитни како ветерот, Близнаците нè учат дека не е секогаш важно да стигнеш на време, колку што е важно да ги прибереш сите информации што се потребни. Љубезни со сите, пријатели со ретко кого, Близанците се идеален пример за современ човек од кого се бара да е секогаш насмеан.
РАК – Посветени на семејството, Раковите ни укажуваат на корените кои во трката со животот ги оставаме зад себе и ги забораваме. Љубовта кон татковината, историјата, но и семејството се дел од секој човек, што не треба да се занемари. Припадноста во некоја група, поширока или потесна, тоа е она на што нè учат Раковите.
ЛАВ – Ароганција е една од карактеристиките на овој знак. Од нив може да извлечеме поука дека во животот има ситуации и луѓе кога навистина се бара од нас да се цениме себеси. „Ќе те газат колку што ќе им дозволиш“ – е стара поука, па имајте го ова на ум кога ќе ги критикувате Лавовите наредниот пат.
ДЕВИЦА – Деталите се дел од целината, и тие се некогаш од пресудно значење. А ние ги пропуштаме. Да застанеш пред ЕДНО, и да помогнеш е поука која можеме да ја извлечеме од Девиците, за кои важи поговорката: „Не ја гледаат шумата од дрвјата.“
ВАГА – Нерешителна и постојано премерува, Вагата сепак на крајот ќе ја донесе вистинската одлука. Од Вагите може да научиме дека животот не трба да го сфатиме премногу сериозно, дека постојат моменти кога вистината не е најважната работа, и дека одлука треба се донесе само после долго и темелно размислување.
СКОРПИЈА – Осветољубивост е карактеристика на Скорпиите. Од Скорпиите можеме да научиме дека понекогаш треба да се `израмнат сметките` за да може да се продолжи со животот во мир.
СТРЕЛЕЦ – „Ќе ја изгуби и главата да не му е зацврстена на вратот“ – е реченица која често се кажува за Стрелците. Не се замараат со памтење каде ги оставиле очилата за сонце, или чадорот, па така често ги губат. Од нив можеме да научиме дека понекогаш не е лошо ако ја олабавиме меморијата од ситните детали околу нас.
ЈАРЕЦ – Одат бавно, на моменти изгледа како да се откажале, но сигурно одат кон целта. Јарците нè учат дека не се добива секоја `војна` со офанзива и брз настап. Сетете се на приказната за зајакот и желката, кој стигна прв до целта?
ВОДОЛИЈА – Водолиите често се `обвинети` од своите познаници дека `носот го пикаат секаде`. Но токму од оваа нивна карактеристика можеме да научиме дека информациите добиени од секаде може да се искомбинираат во една убава приказна која завршува со среќен крај, преку спојување на луѓето кои имаат слични интереси, а кои се наши пријатели што не се знаат меѓу себе.
РИБИ – Живеат во фантазија. Да, но фантазијата е потребна за да ги преживееме лошите денови, суровостите на овој свет, или само за да имаме убаво чувство дека летниот одмор го поминавме супер, `крај вода` со саканите, иако `водата` е надуваното базенче во нашиот двор. Од Рибите ќе го научиме тоа.
