Здраво тело

Со мед против астма, изгореници, реума и несоница

Без разлика дали се работи за древна Кина или античка Грција-медот секако е едно од лековитите средства со најдолга медицинска традиција.Овој драгоцен природен производ може да се користи на многу различни начини и за различни тегоби, а ние ги наведуваме оние најважните.

Медот им помага на луѓето кои имаат проблеми со сонот. Ако патите од несоница, корисно е навечер, непосредно пред спиење да испиете шолја топло млеко со мед. Сонот ке ви биде покавалитетен.

-Медот најдобро е да се растопи или да се користи како намаз. Подобро решение од џем или чоколадните кремови кои децата ги сакаат.Но треба да се знае дека медот има иста калориска вредност како и белиот шеќер, затоа треба да го избегнуваат болните од шеќерна болест.

Астма: Гел од мед

Ситно иссецкајте 1 главица кромид и 2 чешниња лук, потоа додадете 1 лажичка темјан (мајчина душичка) и 4 лажички искандски лишај (мов). Ставете да се загрее 400 мл вода, кога ќе зоврие, оставете ја да се излади и потоа додадете 200 г мед. Повеќе пати на ден земајте по една полна лажица-делува смирувачки.
Кашлица: Чист мед

Земете 1-2 лажички мед и пуштете полека да се лизга низ грлото. Најдобло дејство има медот со мајчина душица, липовиот мед, мед од боровинки, планински ливадски, како и шумски мед.
Млеко со меди и коморача- Потребно ви е ¼ литар млеко, 3 лажички семки од коморача и лашички мед. Кратко проварете го млекото со коморачата, кога ќе се излади на околку 40 степени додадете го медот. Пијте повеќе пати дневно, по можност навечер, бидејки има седативно дејство.
Кивавица: Инхалација со мед

Ставете 100 гр мед во еден литар врела вода. Најпогоден за инхалација е мед од жалфија, мајчина душица и елка.  Напомена: 5 минути вдишувајте ја пареата низ нос и издишувајте низ уста, а потоа уште пет минути по обратен редеослед.

Реума: Облоги од мед

Нанесете поголема количина на мед на болното место, покријте го со памучна ткаенина и прицврстете ја. Делува против воспалувања.

Воспалување на грлото: Мед со ананас

Потребни состојки: 1 подебела кришка ананас, 1 лажица мед и вода. Варете го ананасот десет минути во малку вода, оставете го да се излади, а потоа дададете го медот. Со оваа течност правете гаргара. Ова повторете го неколку пати во текот на неделата.

Изгореници: Прва помош при изгореници

Потребно ви е доста ладна, чиста вода, мед и стерилна газа. Добро да се излади местото со вода, а потоа да се нанесе доста мед, недопирајки ја кожата. Делува против бактреии.

Write A Comment